Синот ги тужел родителите бидејќи повеќе не му даваат џепарац: Одлуката на судијата ги изненадила сите

Живее во центарот на градот во прескап стан, а своите сметки не ги плаќа самостојно.

Британецот Фаиз Сидики (41) ги тужел своите родители минатата година поради тоа што решиле повеќе да не му даваат џепарац на месечно ниво.

Пресудата на судот заминала во корист на родителите, но после жалбата е прифатено случајот повторно да се разгледа, што ја изненадило јавноста. Сидики има диплода од Оксфорд и сите можни услови да со неа се вработени на некое неверојатно добро работно место, но тој и понатаму седи дома, се дружи со пријателите и не сака да работи.

Родителите Џавед (71) и Ракшанда (69) му живеат во Дубаи и имаат сосем солидна пензија, што упорно цел живот ја користи за сопствени интереси.

Адвокатот на Фаиз навел на суд дека тој цел живот бил како ранливо дете. Тој не бил способен самостојно да живее (иако е сам во Велика Британија веќе неколку години) и дека има одредени здравствени и психички проблеми. Поради нив ниту во адвокатските канцеларии не издржал никогаш подолго од месец-два.

“Со прекин на издржување на неговите богати родители се кршат човечките права на Фаиз”, стој во неговата одбрана.

Дипломираниот правник кој не работел од 2011 година, бесплатно живее во стан од 1,14 милиони долари во сопственост на родителите во лондонски Хајд Парк. Освен тоа, родителите му ги плаќале и сметките и му давале по 550 долари џепарац неделно.

“Неговите родители, кои веќе долго патат, имаат свој поглед на тоа што е прикладно за Фаиз, тежок, алчен, истраен и размазен син”, изјавил адвокатот на родителите Џастин Варшав.

Она што веројатно ниту после жалбата нема да му помогне на Фаиз е што пред неколку години исто така бил на новинските страници бидејќи се жалел на универзитетот Оксфорд каде што студирал.

Тогаш тврдел дека институцијата не му овозможила адекватно образование, што наводно го спречило да се стекне со диплома и влијаело на неговата кариера како правник. Губитокот го проценил на 1,4 милиони долари, но судијата го отфрлил неговото барање.

Спорот на Фаиз и родителите ќе биде проследен на апелационен суд и се смета за значаен случај кој би можел да влијае на правата на секој родител од Велика Британија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *