Синот на Есма разочаран и лут : Бара одговори од Заев

Есма Реџепова Теодосиевска, кралицата на ромската песна, златното грло на светската музика речиси четири години не е меѓу нас.

Есма Реџепова зад себе остави кариера од 55 години, а она по што многумина ќе ја паметат е нејзината хумост и човечност. Кралицата на ромската музика посвои и одгледа 47 деца, поточно 46 синови и една ќерка.

Нејзината кариера започна далечната 1956 година, а оттогаш регионот и светот слушнаа за името Есма Реџепова. Кралицата на ромската музика, која по чина во 73-тата година од животот, беше испратена како вистинска легенда.

Симеон Атанасов е едно од момчињата кои таа ги згрижи и кој остана покрај неа до крајот на нејзиниот живот, менаџирајќи ги нејзините настапи.

Тој минатата година,  упати апел до надлежните да не се чека повеќе и конечно да се среди куќата на Кале која Реџепова и ја остави на државата, а сега се наоѓа во многу лоша состојба, објави лани „Фокус“.

Сиомеон, за „Нова Македонија“ раскажа дека пипува книга за Есма и за Стево. „Книгата почнав да ја пишувам уште пред да замине Есма. Ќе биде многу искрена, ќе кажам многу работи, едноставно ќе си го отворам срцето. Знам дека многумина ќе бидат изненадени.

Ќе стане збор и за нашето одење на „Евровизија“ и замената на песната „Империја“, чии автори бевме јас и Борче Нечовски, за недавањето дозвола за градење куќа на Водно, за големите успеси, концерти, турнеи, средби, но и разочарувања“, рече Атанасов.

На социјалните мрежи, деновите е вирален апелот од Симеон Атанасов, кој бара средба со премиерот Заев, со цел куќата музеј да наликува на куќата која Есма ја остави.

Ве известувам дека Здружението “Есма и Стево Теодосиевски ” и сите членови на ансамблот Теодосиевски, донесоа одлука за собирање на потписи и со тоа да бараат состанок кај Г-дин Зоран Заев, за да го искажат своето незадоволство, воедно и да побараат одговорност затоа што Државата веќе четири години не се грижи за музејот на Есма и Стево Теодосиевски.

Министерство за култура како единствен тестаментален наследник е должен да даде образложение. Бидејки спорот се уште не е решен ќе бараме одговор од премиерот на Република Македонија. Во знак на поддршка ве молиме потпишете ја оваа петиција“, вели Симеон Атанасов.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *