Сите го обожаваме, а никој всушност не знае колку е ова здраво

Среде зима и пандемија, вистинско време е кивито да се смести во секојдневната исхрана.

Во време на ковид и грип, се повеќе се пренасочуваме на повеќе природни лекови, а во тоа приказна никако не смееме да ги заборавиме кивите.

Поради пандемијата и зимата со која се соочуваме, сега е одлична шанса на вашиот организам да му ги овозможите сите потребни витамини и минерали, сместувајќи го кивито во вашата секојдневна исхрана.

Пулпата на кивито го содржи ензимот актинидин. Неопходен е за разградување на протеините и олеснување на варењето на храната. Покрај актинидин, на варењето му помага и овошната киселина со која ова овошје е многу богато. Ова е посебно важно кога во стомакот нема доволно производство на хлороводородна киселина.

Во кинеската медицина, кивито со векови се користи за нормализација на работата на дигестивниот тракт и намалување на камењата во бубрезите.

Кивито содржи витамин Ц – 4 дневни дози на само 100 грама овошје. Витаминот Ц е моќен природен антиоксиданс.

Кивито ги штити клетките од ошетување на слободните радикали, спречува развој на воспаленија, го спречува стареењето и значајно ја подобрува кожата, давајќи и рамномерна боја и сјај.

Уште една важна предност на витаминот Ц е во тоа што стимулира сопствено производство на колаген во телото и ја подобрува неговата апсорбција доколку земате протеини во облик на диететски суплементи.

Светлото овошје помага во зајакнување на имунолошкиот систем (благодарение на истиот витамин Ц и моќните киселини).

Редовната конзумација на овошје го поттикнува производството на имуноглобулин, штитејќи го вашето тело од вируси и бактерии кои предизвикуваат болести. Кивито е богат со витамин К, калиум и природни компонентни за разредување на крвта – оваа супстанца го намалува ризикот од настанување на згрутчена крв, го зајакнува срцевиот мускул, ја зголемува еластичноста на ѕидовите и спречува нивно калцифицирање.

И за крај, кивито е диететски производ. Има многу малку шеќер и малку калории, па нутриционистите посебно го препорачуваат за смествуање во исхраната со која луѓето сакаат да го изгубат вишокот килограми.

Додајте киви во житарки, јогурти и салати или јадете го како меѓуоброк или десерт.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *