Сите го јадеме, а не сме воопшто свесни дека може да биде многу опасен по здравјето

Следниот пат, размислете два пати пред да се одлучите на вакво нешто, доколку не сакате сериозно да го нарушите вашето здравје.

На сите ни се случило, барем еднаш во животот, да сме купиле повеќе компири отколку што навистина ни е потребно.

А кога стојат подолго, без разлика дали во прашање е подрум, остава или фрижидер, големи се шансите дека во некој момент ќе започне да рти.

Сепак, веруваме дека не сте знаеле дека ваквиот компир всушност може да биде опасен по здравјето, и дека потребно е добро да размислите пред да се одлучите дали ќе го користите во исхраната.

Изртениот компир изгледаат грозно, но знаете и самите – не се што изгледа лошо не смее да се јаде. Поголемиот дел од домаќинќите едноставно со нож ќе го отстранат тој дел и ќе го подготват регуларно. Сепак, треба да се биде внимателен. Поготово доколку компирот на сето тоа има и зеленикава боја.

Затоа, пред подготовката, добро погледнете го. Доколку компирот е твтрд, и нема многу изртени пипки, можете без проблем да го јадете. Меѓутоа, доколку компирот е мек, би требало да го фрлите во корпа за отпадоци. Истото важи и доколку околу пипките кои изртеле се појави зелена боја.

За што всушност се работи?

Според Светскиот центар за контрола на труење, зелената боја ја предизвика активноста на хлорофилот. Зголемениот хлорофил влијае на појава на гликоалкалоиди, отровно соединение кое може да биде опасно за организмот. Колку повеќе пипки има, толку повеќе доаѓа до поголема количина на соланин, а тој кај некои луѓе може да предизвика главоболка, висока температура, црвенило, мачнина, па дури и повраќање.

Што може да се случи доколку изедете зелен или изртен компир?

Иако можеби мислите дека готвењето ќе ја реши целата работа, всушност се лажете. Дури ниту високите температури не можат да ги отстранат нивоата на гликоалкалоиди, но тоа што може да помогне е отстранувањето на лушпата, како и подлабоко отстранување на пипките.

Сепак, добра работа е што поголемиот дел од луѓето успешно се опоравуаат од сето ова, и навистина нема потреба да заминат на лекар. Но, доколку симптомите не престануваат, морате да се обратите до експертите задолжени за чување на вашето здравје. Исто така, се советува бремените жени да избегнуваат изртен компир.

Како велат старите – доколку не сте сигурни, фрлете го. Подобро отколку да ризикувате сериозно заболување или труење.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *