Скандал: Фирма поставила часовник над тоалетот за работници да знаат колку минути смеат да поминат внатре

Сликата набрзо го обиколи светот, додека компанијата ја искритикуваа за сите пари.

Компанијата “Kuaishou” од Пекинг која се занимава со последните достигнувања од областа на технологијата, направила чекор назад во почитувањата на правата на слободното време на работниците.

Врвот на компанијата донел одлука да над сите тоалети на спратот поставата дигитални часовници кои како штопериците во атлетиката ќе мерат, колку долго време се задржуваат работниците во тоалетот.

Часовниците се активираат оној момент кога работникот ќе ја отвори вратата од тоалетот и ја мери секоја минута помината во него.

Конечната бројка, како и идентитетот на работникот го добиваат шефовите на компанијата на нивниот компјутер.

Додека компанијата тврди дека на овој начин само сакала да заштеди време, кое вообичаено работниците го трошат на слободни активности на работа повеќе отколку што е потребно, огромен број на луѓе ширум светот искоментираа и упатија критики со тврдења дека ова е нарушување на основните права на работниците.

Заклучувајќи дека направиле огромен проблем и се нашле на мета на критики ширум целиот свет, компанијата лансирала соопштение во кое се наведува дека тие часовници се поставени исклучиво од истражувачки причини, за да се утврди колку време навистина човекот троши додека не е на своето работно место.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *