Скапа мајка, уште поскапа ќерка: Луна и Анабела заработуваат повеќе од познатите политичари

Менаџеот открил колку чинат нивните настапи.

Додека Анабела Атијас нетпреливо го чека своето прво внуче кое Луна Џогани за неколку месеци ќе го донесе на свето, менаџерот на пејачката и поранешната ријалити учесничка открил колку тие заработувале од настап.

Џоле Џогани во една прилика ја поткачи поранешната снајка да настапува за 300 евра, и дека после тоа се потегна секакво нагодување за нејзиниот хонорар кој по приказната на менаџерот, изнесува многу повеќе.

“Не смеам многу да зборувам, но додека таа и јас работевме пред ријалити на настапи, ние работевме нон стоп. Се одеше како што треба. Кога и да настапуваше, клубовите беа полни и секогаш се бараше карта повеќе. Цената на нејзиниот настап изнесува од 1.000 до 1.500 евра, зависи од просторот во кој пее”, изјавил менаџерот на Анабела.

Кај Луна цифрата е многу повеќе, па таа уште на почетокот на кариерата откри планови, а се шушкало и дека за нејзин настап се нуди и до 10.000 евра, но и дека нејзиниот хонорар изнесува 4.000 евра по настап.

“Од Луна правиме бренд и не сакаме да биде достапна постојано за настапи, па не прифаќаме секакви понуди. Знаеме колку вредиме и не ни е проблем да работиме на настапи и на продажба на карти, бидејќи сите ги продаваме”, изјавил менаџерот на Луна.

Луна моментално паузираше со пејачката кариера и ужива во бременоста, а со своите следачи на социјалните мрежи ги споделува најслатките моменти од својот живот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *