Скриен симптом на ковид: Почесто се појавува кај жените, а еве како да го препознаете

Се повеќе се зборува за новиот симптом на ковид, но лекарите предупредуваат да пред сомнежите на ковид, треба да се исклучи опасната причина – инфаркт или нешто побезопасно – воспаление на рскавците.

Поединечни истражувања велат дека еден од скриените симптоми на ковид-19 е и костохондритисот.

Доктор Ентони Фаучи неодамна зборувал за синдромите со кои луѓето се соочуваат во текот и после прележаниот ковид. Еден од бројните симптоми кои ги споменал е и костохондритисот, но и миокардитисот.

“Се почесто се гледа тоа кај ковид пациентите кои биле во неверојатна тешка состојба”, прокоментирал за DAIC Тод Хурст, кардиолог на Банер Универзитетот.

Што е костохондритис?

Костхондритис е воспаление на рскавицата која ги поврзува ребрата со градните коски. Тоа е воспалителен процес кој обично погодува неколку ребра, обично на иста страна на градните коски. Тоа е состојба која може да биде прилично болна, поради што пациентот треба да се обрати на лекар, објаснила за ХРТ професор Злата Ожвачиќ Аджиќ, специјалистка за семејна медицина, пишува Крстарица.

Најчесто е тоа неспецифично воспаление кое е примарно, иако понекогаш може да се јави и како дел од друга болест – како ревматски инфламаторни болести или дури да укажува на тумор во телото, но тоа се многу ретки случаеви. Некои истражувања покажале дека костохондритисот е почест кај жените. Главниот симптом кај пациентите кои се пријавуваат на доктор е болка во градите.

Прва задача на лекарот од примарната здравствена заштита е да ја исклучи можноста од акутен инфаркт миокард или срцев удар.

Со палпација, односно притисок на местото на болката, лекарот веќе го открива потенцијалниот проблем, како и со длабоко дишење на пациентот и движења на рацете. Ова се само првите чекори во дијагнозата. Потоа на пациентот се врши електрокардиограм.

“Костохондритисот обично се решава сам од себе, долгорочната прогноза е добра. Се лечи со аналгетици и антиинфламаторни лекови, пред се нестероидни антиоревматски лекови. Воспалението кое предизвикува болка со текот на време попушта и лековите се применуваат локално или орално”, додава професорка Злата.

Професорката секако советува луѓето во случај на болка во градите, веднаш да се јават на доктор.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *