Славниот готвач се пожали: Изгубив 66 милиони евра поради коpона

Познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи (54) откри дека изгубил 57 милиони фунти (66 милиони евра), бидејќи бил приморан да ги затвори рестораните во поголемиот дел од минатата година.

Готвачот, кој поседува 35 ресторани и планира да отвори уште пет во оваа година, призна дека бил опустошен поради финансиските последици од пандемијата, а само во јануари изгубил 11,5 милиони евра за резервации во тој месец поради третиот локдаун, пренесува Дејли Мејл.

Гордон Ремзи открил дека бил приморан да откаже 22.000 резервации за неговите ресторани во декември, бидејќи Англија била ставена под силни рестриктивни мерки.

“Во декември имавме загуби од 11,5 милиони евра поради резервации кои исчезнаа преку ноќ. Од 19. март до 3. февруари изгубивме 66 милиони евра”, изјавил познатиот готвач за англиските медиуми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *