Славниот научник во 1972. година ја предвидел лошата 2020: Тој открил и кога ќе “исчезне” човештвото

Предупредувањата на овој научник можат да се поврзат со појавата на коpонавирусот оваа година кој однесе многу човечки животи и го промени начинот на живеење.

-Околу 2020. година ќе дојде до нагло намалување на порастот на популацијата и изумирање на животните и растителната вегетација. Жителите на нашата планета околу 2000. година ќе се гушат во смог, а голем процент од јаглерод-диоксидот во атмосферата ќе предизвика зголемување на нивото на мориеата. Во светот ќе владеат канцерогени заболувања.

Ова предвидување на општата состојба на нашата планета во далечната 1972. година на симпозиум на хемичари во Белград го изнел познатиот професор и научник Џон Бокрис од Универзитетот Флиндерс во Австралија.

Бокрис во Белград, според тогашното пишување на Вечерни новости, избегнувал да користи катастрофични поими, но помеѓу редови го порача токму тоа, поврзувајќи се посебно за 2020. година.

Во текстот кој подоцна го објавил и ЈугоПапир, иако може да се види дека уште во 1972. година во Белград тој најавувал не толку симпатичен 21. век кој би можел лесно да му преседне на луѓето доколку во меѓувреме не се намали глобалното загадување и не се влијае позитивно на климата.

Џон Бокрис бил гостин на Српското хемиско друштво, изјавувајќи на собирот дека нема никакви илузии дека неговите предупредувања ќе бидат сериозно сфатени.

-Луѓето во светот не сфаќаат. Доколку не се превземат итни мерки за загадувањето на атмосферата, околу 2000. година луѓето со боци кислород на грбот нема да претсавуваат астронаути или подводни нуркачи, туку жители на големите градови. Тешката индустрија неодамна го поремети вековниот однос на јаглерод-диоксид, односот на растенијата и кислородот, бидејќи дневната количина на плин која се испушта во атмосферата, вегетацијата на земјата не може да го преработи во кислород. Создавањето на “валкана роза”, која иначе, ја има се повеќе во атмосферата, драстично во скора иднина ќе влијае на климатските прилики. Уште околу 2000. година, поларната клима ќе започне да се спушта кон топлите меридијани – изјавил тогаш Џон Бокрис.

Австралискиот научник и професор помеѓу останатото зборувал и за се поголемио број на земјотреси, поплави и урагани.

-Во атмосферата се одвиваат разни хемиски промени кои влијаат на температурата и климата во поларни краишта. Поради нив сигурно ќе дојде до топење на мразот и зголемување на нивото на морињата. Околу 2020. година, морињата и океаните значително ќе се прошират, а нивното ниво ќе порасне за еден метар. За загадената атмосфера околу нашата планета да се исчисти, потребни се најмалку 50 години да се применува нова технологија во тешката индустрија – изјавил Бокрис, пишува Информер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *