Славниот пејач прозборе за врската со 48 години помладата убавица (ФОТО)

Кога американскиот пејач Дон Меклин во 1971. година го објавил својот најголем хит American Pie, неговата девојка се уште не била родена.

Во последниве пет години, 75 годишниот пејач е во врска со 27 годишната манекенка Парис Дилан, која се прослави во реалното шоу на МТВ, Кетфиш.

“Таа е најпрекрасната личност која сум ја запознал” изјавил Меклин за магазинот Пипл минатата недела. “Размислувам за неа кога пејам доста мои песни”.

Пејачот два пати бил во брак – со првата сопруга Керол од 1962 до 1972 година. Потоа во 1987 година се оженил со Патриша Шнир. Меѓутоа, парот се развел во 2016 година, поради обвиненија за семејно на.сил.ство.

“Љубовта е најважната работа која можете да ја имате”, изјавил тој. “Мора да сакате некој. Омразата е таков терет и целосно губење на време. Ги сакам своите деца и ја сакам својата девојка. Луд сум по неа”.

Но, иако Меклин денес е среќен, не било секогаш така. “Гледањето како татко ми ум.ира пред мој очи на 15 години, дефинитивно ми го промени светот”, изјавил тој. “Во тој момент сфатив колку сме минливи…Чудо е што не полудев”.

Вели дека во тие момент се чувал до љубовта. “Морате да бидете заљубени во нешто”, изјавил тој. “Кога поминував низ тешки времиња во животот, секогаш ја сакав својата гитара. А сега ја имам Парис”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *