Снежна бајка: Во рускиот град Нориск вее непрекинато пет дена, фотографии во кои ќе се заљубите

Снежните врнежи кој траат 5 дена натрупаа снег колку за два месеца, во најстудениот град на светот. Памучни, кристални снегулки разлетани на сите страни, снегот постојано паѓа и се трупа веќе петти ден во Нориск.

На почетокот изгледа бајковито, но жителите кој што живеат тука се навикнати на снежната глетка и покривка која достигнува повеќе од два метра, затрупани автомобили кој неможеш да ги пронјадеш во снегот, прекриени прозори со снег и дневна светлина која неможе да навлезе од снегот, трасирани патеки за да се стигне до дома, најблиската продавница или до работа, но секако пешки.

Сообраќајот ќе се одвива непречено во рана пролетт, еве зошто,дневната температуе е -25 а во текот на ноќта се спушта до – 37, најстудениот град на светот во моментов е Норилск, во Краснојарската област во Русија.

На другарта страна на светот, на пример во Флорида, ваквото снежно волшепство воопшто и непостои, но во земјите каде што климата дозволува барем малку да се долови снежната идила, колку да се забележи за првото селфи на социјалните мрежи, дури и еден сантиметар снег е радост. Снегулките, го будат детето во сите нас, ослобидувајќи не од стресот во секојдневните динамични животни рутини.

Норили или мочури, во буквален превод, градот го добива името според јукагарскиот јазик или според реката Норилка, сведочат записите од риболовците кој што рибареле на оваа река во 16 – 17 век. Норилск опстојува со население повече од 5 века, во моментов во овој град живеат 175.000 луѓе. На почетокот на 20 век, сликата за Норилск, се поврзува со озогласените логори Гуланг, каде што сталинистите ги протерувале неистомислениците.

Најголемите резерви на никел во светот се наоѓаат во Норлиск, компанијата Норлиск никел е најголемиот работидавец во обласата, но и најголемиот производител на паладиум и снабдувач на метал. Оттука градот не е познат само по својата замрзнувачка клима, туку во црниот тефтер на непријатели на околината се бележи како уништувач и загадувач, кој го претвори островот Рода, во мочуриште, мрвта зона на безживотни стебла, кал и снег, стои во извештајот на комапнијата Неви, кој го пренсува угледниот Њујор Тајмс.

Во истаржувањето на Њујор Тамјс стои дека, преработувачките компании на метали во еден момент, испуштаат сулфор диоксид, колку што испушта цела Франција во текот на една календарска година. Од еколошките катастрофи го бележиме и поцрвенувањето на реката Дарлик, во Норлиск, каде што се прелева водата од вентилите на фабриките. Истражувањето на руското министерство за животна средна не отиде многу далеку бидејќи сопствниците на фабирката твредеа дека предизвикале ненамерна несреќа бидејќи се во фаза на модернизација.

Во 2020, на 29 Мај, резервоар со гориво се прелеа во реката Амбарнаја во Нориск, 20, 000 тони нафта истекоа, а председателот Владимир Питин прогласи итна состојба на, површина од 350 квадратни километри беше контаминирана , реките и патиштата во таа област беа во катастрофална состојба. Чистењето на областа чини 1 миљарда долари и потребни се 5 до 10 години за да се врати во првобитна состојба.

Без разлика на бајковитите снежни пејсажи, жителите на Норлик, немаат време за забава, овде животот е ограничувачки. Повеќето луѓе живеат ограничувачки, поточно тие се затворени во своите домови особено во зима. Населението не се движи многу надвор, поради ниските температури препорачани се кратки растојанија. Ако било каде може да се чека автобус, во Норлиск не е препорачливо бидејќи е невозможно човековото тело да издржи долго на – 25 целзиусови, повеќе од 5 минути.

Кај нас е традиција да се чека автобус во продавница – велат жителите на Норлис, така се криеме од студот.

Во Норлис има и театри и музеи и спотски комплекси, од овој град потекнува олимпијката Наталија Јуришченко, која во 1983 ја освои светската медаља во гимнастика, таа во светот на ритмичката гимнастика беше препознаена како создавач на две иновативни вртењеа и подскокнувања. Исто како и пливачот Владимир Буре, кој се познати по врвни светски спортски резултатит емигрирале во Америка во време на студената војна.

На почетокот на зимата може само да им пожеламе на жителите на Нориск, Харашо здровие, по Руски и уште многу снежни идилчни фотографии.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *