Совет кој може ќе ни треба: Бил Гејтс објасни како можеш да преживееш со 100 денари на ден

Дали некогаш сте се запрашале дали некогаш милијардерите размислуваат што би правеле кога би имале само 2 долари? Кога би го немале целиот тој капитал и заштеди како што имаат денес?

Бил Гејтс размислувал, барем откако новинарите ги насочиле неговите мисли кон таа тема.

Бил Гејтс е најбогатиот човек на светот со заработени 74,9 милијардери долари. Тој има дадено интересна изјава, која многумина ги насмеа, но и многумина ги налути.

Иако има повеќе пари отколку што би можел да потроши за педесет животи, основачот на компанијата Мајкрософт се обидел да замисли како би живеел во случај да е сиромашен.

Тој има поминато многу време помагајќи им на најсиромашните во Африка и добро знае како преживуваат луѓето во екстремна сиромаштија, а сега понуди и совети како да преживеете со само два долари, или 100 денари дневно.

-Би одгледувал пилиња. Пред се, многу е лесно и евтино да се грижите за пилиња, а можат да допринесат и а одржувањето на здравјето кај децата бидејќи се непроценлив извор на хранливи материи. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетоста, а тука е и можноста да се продаваат пилињата и јајцата и потоа со тие пари да се купи друга храна. Тоа значи дека пилињата се добра инвестиција. Да претпоставиме дека фармерот е започне со пет кокошки. Еден комшија има петел кој може да ги оплоди кокошките за да имаат повеќе јајца. После три месеци, фармерот може да има дури 40 пилиња. И на крај, продажната цена од пет долари по пиле, што е типична цена во Западна Африка, може да доведе до заработка од преку 1.000 долари годишно, објаснил Гејтс во својот блог.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *