Сопругот веднаш после породувањето ја замолил за услуга: Кога слушнала што бара, веднаш го оставила

Многумина ја поддржаа во нејзината одлука.

Веројатно не постои ништо поубаво и повозбудливо за маж и жена од сознанието дека ќе станат родители.

Секако, раѓањето на детето може исто така да биде стресно, како за мајките, така и за татковците. Меѓутоа, некои мажи дефинитивно немаат разбирање за жените и себе си сепак се ставаат на прво место кога детето ќе дојде на свет.

Примерот за тоа е и ТикТок ѕвездата Лизи која раскажа дека нејзиниот, сега веќе поранешшен сопруг ја замолил, откако го родила синот кој бил свртен на спротивната страна и кој заспал, и ја искривил нејзината карлица, да стане од болничкиот кревет и заедно со бебето да седне на столот додека тој малку – дремне!

“После се што доживеав, мојот сопруг ме замоли малку да станам од креветот за тој да се одмори. Се жалеше дека болницата не му обезбедила лежај, иако цела ноќ ја поминал буден во текот на породувањето. Сметаше дека во тој момент, тој заслужува кревет повеќе од мене. Се тргнав од него” истакна таа, пренесува британски Сан.

Открила исто така и дека медицинската сестра полудела кога го видела дека спие на болничкиот кревет, но не раскажа повеќе детали.

Видео објавата ја погледнале речиси 62.000 луѓе, а сите корисници ја поддржале, посебно во одлуката дотичниот господин да и стане поранешен сопруг.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *