Сопствениците на овие марки автомобили се најдрски во сообраќајот, тие мислат дека само тие имаат предност

Најголемата веројатност дека во возење некој ќе свири, ќе чкрипи со гумите или ќе упатува псовки, ја заслужува еден модел од баварската марка.

Последните години, вообичаено е мислењето дека возачите на автомобилите марка БМВ се најбезобразни и воедно најагресивни во сообраќајот. На тоа во прилог одат и бројните случаеви од пракса, а исто говорат и одредени истражувања од автомобилскиот свет.

Најновото е спроведено од Insurifu.com, и тоа на огромен пример од 2.5 милиони осигурувачки барања кои ги имаат во базата.

Истражувањето важи за американско поднебје, но со сигурност ова можат да го потврдат и возачите на другите континенти, посебно во Европа. Непристојните возачи дефинитивно се вратиле на патиштата, а паузата поради пандемијата не им ги излади доволно нивните вжештени глави. Како што покажува ова истражување, непристојните возачи најчесто користат дрски методи за возење, а подготвени се да направат и сериозен прекршок за да се пресметаат со другите учесници во сообраќајот.

Американскиот просек е 23,1 на 1000 возачи. Толку од нив имаат барем еден прекршок кој би можел да се смести во категоријата на непристојно однесување во сообраќајот. Најчесто тоа се возачи на спортски автомобили, со просечна сила на моторот од околу 230 коњски сили. Просечниот американски автомобил вреди 37.950 долари и има сила од околу 120 коњски сили.

А доколку зборуваме за автомобилски марки, тогаш е многу јасна тенденцијата на склоност на возачи кон премиум марки. Така, на самиот врв се најдоа БМВ, Ауди и Акура, со што на овие три марки отпаѓаат 6 од 10 автомобили со најнперистојни возачи.

Третото место на топ листата го заслужи Ауди А5, и тоа со просечни 260 коњски сили, но и 54,3 непристојни возачи на 1000. На второто место се најде БМВ серија 7 со 56,2 непристојни возачи на 1000, а апсолутен победник на листата е уште еден БМВ автомобил, серија 4. Од илјада возачи на овој модел, 58,9 од нив не знаат воопшто што значи непристојно однесување. Најчесто галамат на пешаци, не запираат на знакот Стоп но сакаат и да поминат на црвено, покажуваат податоците од базата на куќите за осигурување.

Од друга страна, најпристојните возачи возат големи, но неупадливи СУВ автомобили како што се Nissan X-Terra, Honda Ridgeline и Range Rover.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *