Софија Лорен денес полни 86 години

Една од најубавите жени во светот, оскаровката Софија Лорен отсекогаш будела интерес кај јавноста.

Италијанската актерка Софија Лорен на 20 септември го прослави својот 86-ти роденден, но таа одбива да се пензионира.

Шармантната оскаровка, родена како Софија Вилани Шиколоне, ѝ се врати на својата работа со улогата во драмата „Живот однапред“, остварување на Едоардо Понти, за жената којашто го преживеала холокаустот и води престојувалиште во кое го прифаќа 12-годишното момче коешто штотуку ја ограбило.

Ова е големо изненадување за оние кои што ја почитуваат Софија Лорен којашто не ја гледаме често во јавноста, а последен пат снимила нов филм во 2010 година, кога во филмот за сопствениот живот, „Мојата куќа е полна со огледала“, ја глумеше својата мајка Ромилда.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *