Според Џенифер Анистон, оваа жена од Балканот е една од најмоќните жени на светот

Ана Брнаби се најде помеѓу најмоќните жени, а Џенифер Анистон сподели снимка на која ја споменува српската премиерка.

Џенифер сакаше да ја истакне важната улога на жената во општеството.

Една од темите кои со години се потегнува е присуството на жените во политиката и колку е важно да бидат подеднакво застапени како мажите.

Џенифер објавила видео снимка на која се наоѓале жените премиерки од разни земји на светот, пишувајќи:

-Додека светот беше попречуван од страна на оние кои беа резистентни на промени, промената и онака се случи. Силна жена го менува светот!

Ова беше нејзината порака за охрабрување на сите жени.

На снимката на познатата Џенифер Анистон се најдоа, Ангела Меркел, Зузана Капутова, Камала Харис, Хасина Вазед, како и Ана Брнабиќ, премиерката на Србија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *