“Срам ми е поради она што му го прават на Новак, ова никој досега го нема ниту видено ниту чуено”

Престојот на Новак Џоковиќ во Австралија предизвика огромен бран на коментари од јавноста, а своето мислење за случувањата го даде и прославениот австралиски тенисер Пол Мекнами.

Џоковиќ недолго после пристигнувањето во Австралија, односно Аделејд каде што бил сместен во текот на двонеделниот карантин, испратил писмо до тамошните власти во кое ги замолил да ги разгледаат опциите за олеснување на рестрикциите на тенисерите и тенисерките.

Повеќе од 70 учесници на Австралија Опен биле затворени во своите хотелски соби во текот на тие 15 дена бидејќи биле во ист авион со некој кој бил заразен со коpона, па поради тоа практично немале никаква шанса да тренираат.

Поради тоа што Новак е член на сопствената организација која ги претставува играчите, сакал на тенисерите и тенисерките да им го олесни престојот во карантин, но следеле жестоки критики на негова сметка.

Пол Мекнами, петкратен Гренд слем шампион во дабл, го поддржал Џоковиќ и ја критикувал Асоцијацијата на тениски професионалци поради тоа што еден од нивните најдобри претставници во овој спорт, ниту малку не го поддржала.

“Срам ми е што бев дел од одборот на АТП Тоа (што му се случило на Новак) е нечуено. Поддршката која бројот 1 би требало да ја има е сомнително отсутна”, изјавил Мекнами.

Џоковиќ критики добил и од дежурната алапача под името Ник Кирјос, кој токму поради споменатите барања, кои ввклучувале подобра храна, подобри услови за тренинг и потенцијално изолирано сместување надвор од комплексот – кој го нарече бу.дала.

Иако Новак имал најдобра намера на ум и бил или единствен, или еден од единствените кои се обиделе нешто да направат, а Австралијанците му упатиле куп негативни коментари.

“Да се види имиџот на човек кој има огромно срце и исклучиво добри намери како се шутира наоколо како да е канта со ѓубре мене поприлично ми смета”, истакнал Мекнами.

Тема на разговор со австралиската легенда бил и Адрија тур, егзибиционен турнир кој Џоковиќ во средината на минатата година го организираше во Белград и Задар.

Таа манифестација, после успешниот викенд во Белград, одеднаш е прекината во текот на викендот во Хрватска поради позитивни случаеви на коpона, а Џоковиќ стана мета на критики на целиот свет.

“Неговиот имиџ е уништен, тоа ми е јасно. Тоа не значи дека тоа што му го направиле е поштено и дека неговите намери не биле добри. Тенисот исчезна од мапата се до појавата на Адрија тур. Неговата намера беше да ги обедини луѓето од Балканот”, објаснува 66 годишниот, моментално тренер на Кинескињата Су-Веи Хсије.

Мекнами својот став го заклучил со констатацијата дека Новак од почетокот на својата кариера е во подредена позиција поради тоа што навивачите на Роџер Федерер и Рафаел Надал им ја расипа речиси две децениската очекувана доминација.

Шпанецот и Швајцарецот остварија ривалитет кој требаше да стане поголем од се досега видено, а потоа во средината на првата деценија од минатиот век, стаса едно момче од Србија.

“Геополитиката е важна”, тврди Мекнами.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *