Српски адвокат: Подготвуваат експеримент над човештвото, никој нема да одговара за последиците

Правото на говор е ваше право, тоа не може на овој начин да се забрани, дури и да е вирусот поопасен отколу што е. Тоа е повредување на правото – изјави Војин Билиќ, адвокат и потпретседател на движењето “Доста беше”, гостувајќи во емисијата “Реч”, на продукцијата Хелмкаст.

Тој рече дека оваа ситуација потсетува на Гестапо и носењето жолти траки.

-Сите тоталитарни системи прво го укинуваат правото на приватност. Со тоа што оние препишаа задолжително носење жолти траки, а сега имате задолжително носење маски. И тогаш сте имале оправдувања од типот “Ова е се за ваша безбедност”. И денес ги имате целосно истите реченици – забележи Билиќ.

Како што изјави, во овој момент е пресудна свеста на луѓето, пишува српски ВебТрибјун.

Треба да ја браниме слободата, слободата овде да седиме и зборуваме, со или без маски, слобода да се движам каде јас сакам. Не е тоа слобода која сум ја остварил во животот, тоа се некои наши предци кои се бореле за нашата слобода, некои кои крв пролиле за нашата слобода и би било навистина страшно нашите генерации да се откажат од таа слобода само затоа што медиумите не полнат со тоа да се откажеме од слободата и само затоа што имаме неколку платени лекари кои тоа ни го наметнуваат – наведе Билиќ.

Зборувајќи за новите и непроверени вакцини, изјави дека имаме ситуација да не присилуваат на вакцинација, а дека не го знаеме ниту составот на тие вакцини.

-Прва, присилната вакцинација не е во склад со уставот на Србија, а друго, се поставува прашањето за безбедност на таа вакцина.

Дали над вашиот народ ќе се врши медицински експеримент, кој е недозволив. Доколку производителот на вакцината напише дека не сноси никаква одговорност, сакам да знам кој ќе сноси одговорност доколку се јават било какви контраиндикации – нагласи Билиќ.

Тој вели дека има смисла вакцинација против вариола каде што смртноста е 30%, но “не и вакцинација со експериментална вакцина во ситуација кога смр тноста од болеста е 0,14%”.

Не можете да го добиете составот на вакцината. Знаете што, доколку заштитата на авторски права ви се поважни од експериментите над своите луѓе, тогаш сум за тоа да не се земе таа вакцина – категоричен е адвокатот Билиќ.

А како одговори на прашањето дали би требало да се забрани на меѓународно ниво да приватни компании прават вакцина, туку тоа да го прават државни институти, и дали би требало по прашање на вкцината да се укине авторското право на патент, и “рецептот” за вакцина да биде достапен на сите, погледнете во емисијата.

Исто така зборуваше за тоа дали некој може против своја волја да биде ставен на респиратор, и дали човек може да бие задржан против своја волја во болница без разлика дали бил здрав или болен.

Погледнете ја целата емисија со адвокатот Билиќ:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *