Ставете го ова растение пред вашата влезна врата и привлечете пари

Во азиската култура ова растение има важна улога, а еве како да го негувате во својот дом а да привлечете пари.

На растенијата во фенг шуи генерално се гледа позитивно, но едно од нив е сепак поважно од сите други. Станува збор за красула, а ова растение се смета толку важно во азиската култура што се пренесува од колено на колено.

Според фенг шуи, било какво убаво, зелено растение помага во привлекувањето на добра енергија и пари, но красулата или дрвото на парите како што уште го нарекуваат, е дефинитивно најдобар избор.

Името го добила поради листовите кои потсетуваат на пари. Спаѓа во семејството сукулентни растенија, цвета во текот на зимата и се до пролет, а цветовите кои ја красат се ситни и бели.

Најдобро е да биде посадена во мешавина од песок, шумски хумус, земја за цвеќиња, со малку ситен песок.

Во периодот на мирување, од октомври до април, треба да се полева што помалку, а идеално е еднаш до два пати во текот на целата зима.
Знајте дека ова растение не може да издржи температури под нулата, така што според тоа одлучете каде ќе ја држите. Идеално е да биде на температура до десет степени целзиусови, а доколку ја држите во текот на зимата во простории во кој е потопло, ќе мора почесто да ја полевате.

Иначе, красулата не треба да се полива премногу ниту во периодот на цветање. Таа припаѓа на семејството кактуси, така што вишокот вода лесно може да доведе до скапување, после што дрвото на парите тешко ќе се опорави. Значи, почекајте земјата да биде целосно сува пред повторно да ја полиете.

Според фенг шуи културата, најдобро е ова растение да го држите некаде во близина на влезната врата, од десна страна, за да привлечете пари.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *