Ставете оцет во казанчето и следете што ќе се случи: Ќе бидете воодушевени

Наместо да користите штетни хемикалии за чистење на купатилото, искористете природни производи кои ги имате во својот дом, а кои ќе ги отстранат и најтврдокорните дамки и нечистотии.

Оцетот, имено, е одлична алтернатива за разни средства за чистење кои често содржат штетни хемикалии.

Белиот оцет е одличен за чистење на вц школката, но доколку го внесете во казанчето, ќе добиете максимален ефект бидејќи тоа е сјаен начин за остранување на бактериите и спречување на ерозија во внатрешноста на казанчето.

За да ги исчистите нечистотиите и да го дезинфицирате тоалетот, ќе ви бидат потребни чаша оцет и сода бикарбона или раствор од јод.

Постапка: Подгрејте го оцетот на 40 степени а потоа помешајте го со сода или јод. На 200 грама оцет ќе ви треба една супена лажица сода. Доколку користите јод, пропорциите се 1:1. Ставете ја мешавината во казанчето и оставете го да одстои неколку часа.

Подобро е тоа да го направите навечер за растворот да има цела ноќ да делува. За уште подобри резултати, постапката повторете ја неколку пати.

Испразнете го казанчето и завртете го вентилот. Внатрешниот дел на казанчето пребришете го со сува крпа па потоа на валканите делови нанесете оцет. Оставете оцетот да одстои така од два до шест часа, па потоа отстранете го нешто, само внимавајте тоа да не биде од метал.

Како делува оцетот?

Тој го растворува каменецот, ги чисти металните делови од рѓа, додека ветрее, оцетот ги отстранува непријатните мириси но и бактериите одговорни за дизентерија и ешерихија коли.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *