Стигнаа првите снимки од Марс: Уживајте во десет секунди неверојатни звуци од црвената планета (ВИДЕО)

Првите видео-записи од Марс, благодарение на роверот Истрајност на Наса, пристигнаа од Црвената планета. Ова е прв пат да се прикажува перспектива на слетување на вселенско летало на Марс.

Пуштен е 10 секунди долг аудио-материјал од Марс, на кој се слуша како роверот, така и звукот на ветерот на Марс.

Додека претходните летала враќале “филмови”, кои биле всушност слики споени во GIF облик, роверот Истрајност има видео-камери со големи можности. Роверот има вкупно 23 камери, кои вклучуваат и зумирање и можност за приказ на бои.

Можно е да видео-снимките да содржат звук снимен со еден од двата микрофони на роверот, кој бил вклучен да ги слуша звуците за влез, спуштање и слетување. Роверот и неговиот прицврстен хеликоптер, наречен Ингениозност, слетале на Марс на 18. февруари, четврток.

По слетувањето, роверот пренесол податоци и слики користејќи го орбитерот Марс на Наса, кој кружи на планетата од 2006 година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *