Стоиш пред мене, но не те гледам

Безброј пати те замислував пред мене иако беше далеку. Безброј пати сум визуелизирала лажен допир на твојата рака како се истегнува кон мојот врат и ме гали под десното уво толку нежно, понежно дури и од допир со пердув. Безброј пати сум мечтаела за мирен сон, покрај тебе, но сум добивала само кошмари.

Сега, можеби си до мене, но, не те гледам, стоиш пред мене, но го чувствувам само ладниот воздух кој струи низ тебе и удира во моите усни и дланки, понекогаш го заменува твојот бакнеж, на моменти твојот допир. Стоиш пред мене, но не те гледам, повторно те замислувам бидејќи сум навикнала на твоето отсуство, што веќе не го препознавам ниту твоето присуство, а камоли пак тебе.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *