Стоматолози тврдат: Не е добро да ги миете забите после јадење, тоа е голема грешки

Стоматолозите објаснуваат во што најмногу грешиме.

Иако тоа од мали нозе ни го повторувале: После секое јадење треба да се мијат забите, сепак на крај се заклучило дека тоа воопшто не е точно.

Барем така тврдат стоматолозите.

Како што наведува доктор Хауард Гембл, забите треба да се мијат најмалку два пати дневно, после појадок и пред заминување во кревет.

Меѓутоа, доклку имате навика после оброк веднаш да ги миете забите, веројатно правите голема грешка.

Гембл после истражување во кое учествувале неколку стотици луѓе, утврдил дека миењето на забите во првите 30 минути после јадење, ги прави забите значително почувствителни на кариес.

Поради киселината од храната, забната глеќ е многу чувствителна, и со миењето на забите истата може да се оштети. Тоа посебно важи доколку сте јаделе кисела или слатка храна или сте пиеле пијалоци кои содржат големи количини шеќер.

Исто така, некои намирници како што се цвеклото, калинката или боровинките се многу корисни по здравјето, но содржат многу полифенол кој влијае на бојата на забите.

И дополнителна штета на белите заби можете да направите доколку после овие намирници, веднаш ги измиете забите.

Стоматолозите советуваат да почекате 30 до 40 миниту, се со цел калциумот од плунката да ги разгради бактериите и киселините од храната, па после тоа да започнете со миење на забите.

Доколку имате навика веднаш откако ќе станете наутро да испиете лимонада или топла вода со лимон, па веднаш после тоа да ги измиете забите, правите голема грешка која може да има големи последици, тврдат експертите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *