Стјуардеса открила што се случува со патниците кои ќе го загубат својот живот додека се во авион

Многумина напишале во коментарите дека она што се случува додека авионот не слета на пистата, е навистина нехумано.

Малку луѓе, за среќа, имале шанса во текот на летот доживеат трагичен случај да некој од патниците околу нив изненадно го загуби животот.

Со самото тоа, уште помалку ги има оние кои знаат што се случува тогаш во авионот, односно која процедура ја применува посадата.

Стјуадерсата која на ТикТок се претставува како Шини Вини, вистинското име и е Сина Мери, а токму таа објасни што се случува во авионот во случај на оваа ситуација.

“Доколку дава знаци на живот се применува реанимација, но доколку веќе по.чинал постојат само две опции. Доколку има место позади, во нашиот дел од авионот, значи за посадата, таму го носиме телото и го прекриваме со ќебе до слетување. Меѓутоа, доколку нема место, што понекогаш се случува, по.чина.тиот мора да остане на своето место до крајот на летот”, изјавила Сина Мери на ТикТок.

Многумина негодувале поради фактот што може да се случи да по неколку часа седат во телото на по.чи.натиот.

“Како е, така е, тоа еп ракса. За жал, имало многу случаеви кога главата му се положува и изгледа како да спие. Притоа, патниците околу починатиот немаат право да го менуваат местото во авионот. За тоа време го известуваме контролниот центар на аеродромот каде што слетуваме и даваме податоци за лицето и го подготвуваме процесот за набавка на лични податоци во врска со него, за да ги известиме најблиските роднини”, вели таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *