Супермаркет од Данска со лекција за сите некултурни и дрски купувачи, вака треба и во Македонија

Супермаркет во Данска со брилијантна идеја го спречи неконтролираното купување на средство за дезинфекција на раце
Додека цела интернет заедница се смее и крерира карикатури и смешни куси видеа за луѓето од целиот свет кои од маркетите купуваат огромни резерви од тоалетна хартија, деновиве неколку производи навистина е тешко да се набаваат.

Маските и ракавиците за еднократна употреба се меѓу нив, но да не ги заборавиме и оние производи кои станаа многу популарни во последно време. Да, тоа е средството за дезинфекција на раце. Додека некои го купуваат во ненормални количини и дома прават огромни резерви, еден супермаркет во Данска дојде до брилијантна идеја како да го спречи тоа, со само еден мал трик во цената.

Овој човек на Твитер ја сподели идејата на данскиот супермаркет за спречување на ненормално купување резерви од средство за дезинфекција на раце.

Данскиот супермаркет „Роутден“ се смета за еден од најопремените и најдобро организираните маркети во кои луѓето со во пазарувањето. Но, по сè изгледа нив не им е важно само да продадат што повеќе производи, туку и да овозможат тие да стасаат до што повеќе потрошувачи.

Во маркетот сега едно шише средство за дезинфекција на раце се продава по цена од 4 долари, додека две шишиња чинат 95 долари.

Како и во многу други супермаркети, и кај нив луѓето почнале да купуваат огромни количини од одредени производи, а одговорните во маркетот не сакале тоа да излезе од контрола. Имено, тие дошле до една нековенционална идеја во врска со цената на гелот за дезинфекција на раце откако забележале дека некои луѓе го купуваат во ненормални количини.

Продавницата на својата Фејсбук страна даде објаснување во врска со ваквиот потег.

„Драги потрошувачи,

Имаме голема одговорност да го одржиме бизнисот да не пропадне, но тоа можеме да го постигнеме со помош и разбирање од сите. Вие можете да ни помогнете на следниот начин:

Ве замолуваме да одржувате растојание меѓу вас, како и со нашите вработени.

Дезинфицирајте ги рацете при влез во маркетот или носете ракавици.

Ако сте семејство, само еден нека влезе да пазарува, доколку е тоа возможно.

Можеби ќе има периоди кога ќе го ограничиме бројот на муштерии кои во исто време можат да влезат во продавницата. За тоа како и за други промени ќе ве информираме навреме преку Фејсбук.

Чувајте се и ви благодариме на разбирањето“ – се наведува во изјавата.

Многумина ја поздравија идејата на маркетот, но, имаше и такви кои се убедени дека постои подобар начин да се спречи неконтролираното купување.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *