Сјаен трик на една мајка: Сега конечно можеме да го пиеме кафето со сопругот на мира (ФОТО)

Една мајка од Велика Британија открила трик како да и покрај двете мали деца во домот, може да има малку мир за себе, а со својот генијален трик, го воодушеви светот.

Шаз Раферти во групата “Совети и идеи за семеен локдаун” на Фејсбук открила дека дома направила продавница исполнета со играчки и слатки, на кои цената им е 200 денари. Нејзините синови можат да заслужат заминување во продавница во две прилики, ако останат во своите соби наутро додека родителите го пијат кафето, и ако не викаат во текот на денот. И во едната и во друата прилика добиваат ѕвездика.

-Кога ќе заработат седум ѕвездички, доаѓаат во продавницата, а тоа го обожаваат. продавницата во целост се состои од ситници чија цена е помала од три фунти, а некои се евтини и чинат само 30 денари. Во нивните години нив не им е важно дали нешто чини една или 100 фунти, па зедов предмети за кои знам дека би уживале во нив, иако се премногу евтини – објаснила таа.

Изјавила дека откако децата ќе ја изберат наградата, преостанатите играчки ги става во кеса и ги тргнува на страна, така што нема искушенија. Нејзината објава собрала 2.600 лајкови и дури 400 коментари од импресионирани родители.

На крај, изразила надеж дека нејзиниот трик ќе им помогне и на другите родители, кои дефинитивно имаат потреба од малку мир.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *