Таа обожава пластични операции: Првата ја имала на 13 години, сега има 16 години и не планира да запре (ВИДЕО)

Денес се повеќе млади девојки се определуваат за операција на лицето.

Една 16 годишна девојка од Кина, имала преку 100 естетски операции, за да го подобри својот изглед.

Зоу Чуна, млада кинеска инфлуенсерка, својата кариера ја изградила врз база на пластична хирургија, со објавување на своите трансформации. Првата операција ја имала на само 13 години, а во последните 3 години направила преку 100.

Чуна не е единствената девојка која на млада возраст се фокусирала на естетските разубавувања, но нејзиниот случај се смета за единствен поради големиот број на постапки кои ги направила во релативно краток период за само три години. Иако тврди дека имала сериозни нуспојави поради зависноста, како губење на памтењето и трајни лузни, оваа шеснаесетгодишна девојка вели дека сето ова се исплати.

Таа на своите следачи често им зборува дека била многу грда пред сите операции и напоменува дека поради тоа трпела најразлични коментари, со што одлучила да го подобри својот изглед. Првата операција ја имала на само 13 години, кога ги средила очните капаци.

-Никогаш нема да бидам задоволна со својот изглед. Секогаш мислам дека ќе изгледам подобро после следната операција. Некој ме праша, дали жалам поради операциите, мојот одговор е единствено што жалам е што не започнав порано – вели оваа девојка.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *