Таа тврди дека починала и се вратила: “После ова, не верувам во ништо, ниту во Бога”

Оваа тинејџерка сериозно тврди дека нејзиниот мозок и срце престанале да работат откако за прв пат пробала трева.

Постојат луѓе кои доживеале клиничка см рт, состојба во која целосно се сопира циркулацијата на крв и дишењето и доаѓања до застој на срцето. Искуството за кое сведочат оние кои тоа го поминале, е индивидуално, но поголемиот дел тврдат дека виделе – бела светлина.

Она што го доживеала оваа тинејџерка помалку се разликува од се што досега имавме шанса да видиме или прочитаме. Лилиана тврди дека мозокот и срцето престанале да и работат откако за прв пат пушела трева.

Вели дека тогаш починала, но успеала да се врати во живот па на пријателите на ТикТок решила да им го раскаже своето искуство, а видеото набрзо станало вирално и е прегледано повеќе од пет милиони пати.

Немаше Бог, ниту рај, ниту пекол

“Јас веќе еднаш починав. Дозволете ми да ви кажам што е, а што не е вистина”, започнала Лилиана во своето видео.

“Приказните за светлина на крајот од тунелот се вистинити. Процесот е страшен бидејќи во последните фази не чувствуваш ништо: нема страв, среќа или тага”, продолжи таа.

“Ги изгубив сите чувства освен слух – тој останува засекогаш. Го напуштив своето тело, но не било како во филмовите да како дух гледаш што се случува. Беше како да станувам некое ново суштество. Не можат тоа да го објаснат”, раскажала тинејџерката.

“Не го запознав Бог и немаше рај и пекол, туку само некој извор. Некаков вртгог и некакви облици. Кога ќе дојдеш до крајот на тунелот, тогаш се случува оној момент во кој душата го напушта телото и се враќа во изворот”, додала таа.

Луѓето се сомневаат дека само халуцинирала

“Пред тоа искуство верував во Бога бидејќи така сум воспитана, но сега повеќе не верувам во ништо бидејќи не видов никаков Бог”, заклучила Лилиана.

Некои пријатели коментирале дека таа не починала, туку упаднала во состојба на шoк и халуцинирала. Таа тие наводи ги негирала, тврдејќи дека се работела за алергиска реакција на ТHЦ.

“Кога некој е алергичен на кикирики и проба, паѓа во анафилактички шoк и yмира, тој починал од алергиска реакција, а не од предозиpаност со кикирки”, објаснила тинејџерката во своја одбрана.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *