Тажни глетки од Македонија: Вака изгледаат тоалетите во болница во Битола, има чадор за да не течат фекалии врз пациентите

Пациентот кој го снимил видеото, во него вели дека тоа е делот од болницата каде што условите се едни од подобрите.

Новото видео кое се појави на социјалните мрежи од болницата во Битола, откако денес беа објавени слики од болницата каде што пациенти добиваат инфузија додека на соседните кревети лежат починати пациенти, набрзо ја разбрани македонската јавност.

Пациентот од болницата, во видеото раскажува за условите во одделението, кое се наоѓа веднаш до ковид центарот на болницата.

Тој во видеото вели дека тоалетите се неосветлени, и благодарение на пациентите кои сами ставиле сијалица, дел од тоалетите е осветлен. Тој посвети и посебно внимание на еден детал, односно чадор кој е ставен, како што тврди, за да не капат фекалии врз пациентите кои го користат тоалетот.

Тој вели дека ова треба да го види целиот свет, сите политички партии, како и здруженија и невладини организации.

Погледнете го видеото кој тој го сподели на социјалните мрежи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *