Тамара се сожалила на човек кој изгледал како бездомник и му купила кифла, погледнете каде е и што прави денес оваа девојка

Средба која и го променила животот.

Животот пишува љубовни драми, некој со среќен, а други со тажен крај. Она што Тамара Нортон (25) од Њу Џерси го доживеала, спаѓа за среќа во овие првите.

Завршила со студиите по економија, и тргнала да го испрати своето сиви на разноразни адреси за да може некаде да се вработи.

Во првите месец-два не добила никакви добри одговори, но се се променило кога едно утро заминала до локалната пекара по појадок. Пред неа стоел постар господин, не претерано неуреден, но бездомник.

“Ме замоли за нешто ситно. Се извинив што брзав и влегов внатре. Додека стоев со маска во редот, се свртев и забележав како човекот беспомошно гледа во далечината. Се сожалив на него. Секој на крајот од краиштата, еднаш во животот од кој знае какви причини би можел да се најде на неговото место. излегов надвор и му дадов два кроасана, кафе и 5 долари. Се насмевна како да му дадов илјада долари а не пет. ме праша зошто толку брзам, кога животот е еден и треба да се живее. Влеговме во краток разговор”, напишала Тамара на Фејсбук.

Во неколку реченици дознала дека поради проблеми со алкохолот останал без жена и поддршка од семејството, дека и работата ја изгубил и дека сега се обидува да се врати на нозе. А се додека тоа не му успее, тој бил приморан да проси.

“Ме праша што работам, на што одговорив дека се обидувам да се вработам и дека токму сега одам на две места на разговор. Некако пророчки ми рече дека Бог се ќе ми врати за ова што бев единствената личност од тоа утро кое обрнала внимание на него” додала Тамара.

И навистина, после четири дена, од едно место каде што заминала на разговор и се јавиле дека го поминала интервјуто и дека и преостанал само уште еден разговор.

“Тоа беше пред година и половина. И ден денес работам на тоа место. Кога сум примена, знаете што прво направив? Заминав до пекара да му се пофалам на човекот. Но не беше таму. Никогаш повеќе не го видов. Ги прашав и работниците во пекарата дали доаѓал, ми рекоа дека доаѓал неколку пати, но во последно време не го виделе. Се надевам дека и нему му донесов среќа како и тој мене. Денес, сакам средбата со него да ја гледам како средба која ми го промени животот”, заклучила Тамара.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *