Татко се фотографирал со својата ќерка секоја година, жените забележија само еден детал

Професорот на Универзитетот Реџина во Канада, Алекс Сурос, на социјалната мрежа Редит објави фотографии со својата ќерка на кои двајцата седат на тросед на ист начин, со лаптопт во скутот, а разликата е единствено во годините во кои настанале фотографиите.

Првата е направена во 2007, втората во 2014, а третата во 2019, а коментарите под фотографијата се навистина урнебесни.

Освен што е секогаш интересно да се види како некој изгледа во текот на годините и колку навистина се има променето, во овој случај одлично е да се види како професорот со текот на годините изгледа се подобро, но и помладо.

Со овие фотографии сакаше да покаже колку навистина луѓето се менуваат со текот на време, но и како се променуваат односите во семејството.

“Ваквиот сет на фотографии кај луѓето предизвикува различни реакции. Дали поради тоа што се гледа како времето носи промени, но и поради промените на односот кој го имаме со децата. Имаше многу повеќе реакции на објавата на Редит отколку што очекував.

Фото: Редит

Ме радува она што сите коментари се позитивни”, изјави таткото за порталот Боред Панда и додаде дека на фотографијата е едно од неговите четири деца.

Открил и дека до големи промени во неговиот изглед дошло поради новите навики. Започнал да вежба и да се храни поздраво, а го намалил и нивото на стрес.

Некои од коментарите на Редит се: “Ова не се случува често, но изгледате подобро во 2019, отколку во 2007 година. Само продолжете така”, “Изгледате помлади на најновата фотографија”, “Изгледаш малку како актерот Стив Карел”, “Ќерка – 5, 12, 17 години, Татко – 38, 32, 28 години”, “Ви честитам на трансформацијата”, “Таа старее, а тој станува се помлад. Што се случува овде?”.

Гласеа само неколку под коментарите на објавата на Редит која за само година дена успеа да се најде на врвот на својата популарност.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *