“Тетке полека со дишењето, ноќва може да нема кислород”, што се случува во болницата во Прилеп?

Денес Македонската јавност е сведок на она што не треба да се случува во јавното здравство.

Откако се појавија фотографии како пациент во битолската болница пациент добива инфузија, додека до него се наоѓаат починати пациенти, излегуваат нови информации за она што се случува во здравството во Македонија.

Како што објави македонскиот портал “Експрес”, вработен во прилепската болница на пациентка која се борела да земе воздух преку боците со кислород и рекол: “Тетке полека со дишењето, ноќва може да нема кислород”.

Како што пренесува порталот, очевидци раскажуваат и за чекањето на пациентите пред прилепската болница, некои чекаат по четири часа на студено време за да добијат преглед или терапија.

Според пишувањето на “Експрес”, сведокот не ги обвинува лекарите и здравствените работници, бидејќи прават се што е во нивна можност. Според него, се работи за тотален хаос во системот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *