Тинејџер после 62 дена се разбудил од длабока кома кога слушнал два магични збора

Семејство на осумнаесетгодишник кој бил во кома повеќе од два месеци, веќе започнало да губи надеж, кога тинејџерот одеднаш се разбудил бидејќи неговиот постар брат ја споменал неговата омилена храна – пилешко филе.

Момче од северозападот на Тајван паднал во кома после сообраќајна несреќа која ја доживеал на скутер. Се здобил со неколку повреди опасни по живот, имал внатрешно рварење и оштетување на виталните органи.

После несреќата, докторите успеале да ја стабилизираат неговата состојба и да му го спасат животот, но тој паднал во длабока кома.

Медицинската сестра која го негувала повредениот, тврди дека несреќното момче неколку пати избегнало сигурна смрт.

Семејството постојано било со него, а така се случило и кога стариот брат на 62. ден од неговата кома во разговор со родителите се пошегувал дека кога ќе се разбуди ќе го нахрани со пилешко филе.

Со некое чудо, на спомнувањето на омилената храна, тинејџерот започнал да ја враќа својата свест и неговите витални знаци се стабилизирале. Набрзо потоа момчето целосно се опоравило и е отпуштено од болница.

Тој се вратил со торта да им се заблагодари на персоналот за целата грижа и нега која непрекинато му ја овозможувале.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *