Тито пред 60 години го предвидел она што се случува денес во Македонија и на Балканот

Јосип Броз Тито: Сетете се, ниту една наша република не би била ништо, да не сме сите заедно!

Нека сите се сетат!

Ниту една наша република не би била ништо, да не сме сите заедно!

Дозволете ми другари и другарки, да кажам неколку зборови и за слабостите во нашиот политички живот. Јас веќе споменав некои од нив. Во последно време има не малку такви штетни појави како што се локализмот, а исто така и шовинизмот, кои настануваат поради материјални причини и небудност на комунистите. Некои комунисти заборавија на пошироките интереси на целата заедница.

Некои комунисти гледаат само на својот најтесен круг, така што дојде до политичка незадоволност и неправилност во поедини републики. ние проливме море од крв за братство и единство на нашите народи и нема никому да дозволиме да го допре или руши тоа братство и единство. Тие политички слабости и неправилност се резултат на културниот развој во нашата земја. Во некои наши републики кај граѓанските писатели се случуваат такви работи што е просто невозможно да се сфати како е тоа можно во една социјалистичка земја.

Луѓето се враќаат во својата историја назад, започнуваат по неа да чепкаат и забораваат на идниот развој на нашата социјалистичка заедница како целина. Ниту една наша република не би била ништо, да не сме сите заедно. Ние мораме да создаваме своја историја, своја југословенска социјалистичка историја, единствени и во иднина, не допирајќи го националното право на републиките да ги негуваат своите традиции, не на штета туку во интерес на целите заедници, поради меѓусебно дополнување. Тоа е нашиот пат, тоа го сакаме ние, а не разбивање на нашето единство поради разни работи. Ние не мислиме, како разни граѓански елементи кои не се слеаа со социјалистичката мисла во нашето развивање, дека треба да се враќаме на стариот пат. Тие се оние кои влијаат и на некои комунисти.

Ние дозволивме сешто да се пишува во нашата штампа. Погледнете ги некои магазини и разни статии и ќе видите колку тие деструктивно делуваат. Дури ја трујат и нашата младина. човек едноставно да го фати мака кога ќе види како шовинизмот се всадил во младината. Јас мислам дека тоа не дошло од облаците, туку од дома, од старите. Мораме да ја чуваме нашата најважна работа, братството и единсвото на нашите народи, бидејќи тоа ни овозможува да можеме понатаму да одиме напред, да создаваме силна социјалистичка заедница и среќен живот за нашите луѓе. Дури и денес, 15 години после војната, ние мораме се уште да зборуваме за братство и единство, иако тие мораат да бидат крвта и месото на секој граѓанин на Југославија.

Зборувајќи за нашите слабости, јас воглавно ги споменав оние субјективните, иако се разбира, има и објективни. Така на пример, минатогодишната суша и слабата жетва спаѓаат во објективни причини, иако тие не се најважните причини. Не е толку значајно ниту овогодинешната поплава. Бидејќи, ние сме биле во многу потешки ситуации досега и сето тоа можеме лесно да го совладаме доколку бидеме единствени, доколку ги отстраниме сите аномалии и грешки, барем оние кои се најостри во почетокот, а подоцна и сите.

Нашиот социјалистички развој мора да тече помирно, така што секој граѓанин ќе го разбере, и ќе сфати од каде доаѓаат тешкотиите и да биде свесен дека тој мора да ги изврши своите должности кон заедницата како целина. Децентрализацијата кај нас постои за да се развива создаделната иницијатива, за полесно да се управува, а не поради да секој го прави тоа што го сака. Секој мора да гледа на целокупната наша заедница, на се што е во интерес на заедницата, бидејќи она што е во интерес на заедницата, сигурно е и во интерес на секој поединец, секоја локална единица.

Од говорот на Тито во Сплит на 7. мај 1962 година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *