Тито уживал во парите: Обезбедувањето открило што носел Тито секогаш во својот новчаник

Александар Ањоли, 66 годишен Сарајлија со италијанско потекло, два пати годишно од 1975. до 1978. година, бил лично обезбедување на Јосип Броз Тито додека тој ловел по големите ловишта околу Бугојна. Александар во минатогодишно интервју открил неколку детали од ловот со Тито.

Тогашните политичари од БиХ со Тито позирале за фотографија пред кожа од мечка капиталец, која беше ставена на ѕидот. Таа мечка, била трофеј на Тито, тој лично ја “средил”.

“За да ја опушти малку атмосферата, Тито се пошегувал. Изјавил: “Другари и другарки…само што добив вест дека другарот Николај Чаушеску на Карпатите уловил поголема мечка од оваа на ѕидот. Што вие мислите да нашата мечка ја растегнеме за и понатаму да биде најголема уловена мечка во Европа?”.

Тито уживал во парите. Имал три големи пушки, а најмила му била винчестерка. Имал, како што вели Ањоли, и стандардна процедура за подготовка пред заминување во лов. Броз би станал изутрина околу четири часот, за да провери какво ќе биде времето тој ден. Потоа би прошетал околу вилата Горица, на тераста би испил кафе, би запалил кубанка и би листал весниците.

Потоа веднаш во близина на вилата го тестирал оружјето. интересно е што весниците за Тито во вилата Горица пристигнувале со хеликоптери, а цигарите директно од Фидел Кастро. Њоли се сеќава дека цигарите биле спакувани во алуминиумска амбалажа на која пишувала: За Тито од Кастро.

Шарпланинец се испуштил од ланецот

“Кога би заминувал од Бугојна, би ги поделил цигарите кои не ги пушел”, вели Ањоли.

Александар Ањоли не случајно бил дел во обезбедувањето на Тито. Тогаш работел во Службата на државна безбедност. Сите кои биле Титови готвачи, келнери, кројачи, не се бирани случајно. Ањоли вели дека по илјада пати се проверени. Таква процедура и самиот поминал. Можеби олеснителна околност му била и тоа што своевремено бил најмлад секретар на СКЈ. Имал само 19 години.

Присетувајќи се на старите времиња, Ањоли не можел да не ги спомене и пудлиците на Тито. Оние мали, бели, бушави кои можат да се видат и на неколку фотографии на Тито со неговата сопруга Јованка Броз. Кога Тито би се враќал од ловишта, вели Ањоли, пудлиците би започнале чудно да се однесуваат. Ањоли открил и дека пудлиците знаеле да скокаат и по метар во висина за да го привлечат вниманието на Тито.

“Тито секогаш беше среден, внимаваше како е облечен и не беше мудро во негова близина да се биде неуреден”, вели Ањоли.

Покрај пудлица, во Бугојна имал и два шарпланинци. Ги добил, уште додека биле мали, од партискиот пријател Лазар Колишевски. Кога шест месеци подоцна во Бугојна како гостин дошол турскиот државник Булент Ецевит, шарпланинците биле огромни. Тито се подготвувал да го прими Булент во вилата Копривица.

И потоа дошло до непредвиден проблем. Еден од шарпланинците Ондо се откинал од ланецот. Веднаш е прогласена вонредна состојба. Титовата гарда на нозе, но и милицијата.

“Одам таму со еден полковник и го гледаме Ондо испуштен од ланец. Полека се повлекуваме назад и го повикавме човекот кој се грижи за кучињата, а беше во Бугојна: Доаѓај веднаш и понеси ланец. Тој ми одговара: Еден ипол е часот, каде сега да најдам ланец? А јас нему: Ако треба, разбуди го пола град”, зборува Ањоли.

Човекот пристигна брзо и ја смири ситуацијата со Ондо. Таман се завршило, гардата и милицијата добиле дозвола да одат, кога во близина некој започнал гласно да урла. Недалеку од куќичките на кучињата, покрај Титовата гража, биле три високи бора. Ањоли вели дека висината до првите гранки била околу дваесет метри.

“Погледнувам горе, кога на врвот еден милицаец под полна опрема. Го прашувам, што правиш ти горе?, а тој: Ме бркаше Ондо, се преплашив и еве ме на дрво”, раскажа Ањоли.

Ањоли за Тито вели дека бил многу лежерен.

“Имаше осумдесет години, а секое утро сам се бричеше”, раскажува тој и продолжува со уште една анегдота.

Работи од новчаникот

Вели, дознал случајно дека Тито во новчаникот нема пари. Кога еднаш тргнал за Ливно, во еден момент се сетил дека го заборавил новчаникот. Тоа беше причина да едно возило од колоната се издвои и да се врати назад кон резиденцијата. Човекот кој бил испратен по новчаникот бил љубопитен и ѕирнал во него.

“Во новчаникот имаше само партиска книшка, лична карта и уште некои лични документи”, вели Ањоли.

За доаѓањето на Тито во Бугојно, тие кои требало, знаеле месец дена унапред. Во тој период конспиративно се ѕирнало под секој камен. Како работело обезбедувањето на Тито најдобро покажува следниот пример. Салко Хондо, тогашен фотограф и Предраг Вукосавјевиќ, возач, тргнале службено кон Бугојна.

Близу ова градче запрале и поради нужда побарале најблиска шумичка покрај улицата. Не ни започнале, а пред нив изненадно се појавил милцаец. Вооружан до заби, а автоматот вперен во нив.

“Му покажале акредитации, кажале кој се и што се, но милицаецот бил тврд како орев и им рекол:”Можеби вашите акредитации важат за вашето возење, но не вредат за тоа што шетате низ шума”, се присетил Ањоли.

Фотографот и возачот биле приведени, а недолго потоа и пуштени. Сепак, не се секогаш функционирало совршено. Ањоли вели дека обезбедување во една прилика направило пропуст во Зеница. Се собрала маса, која сакала да го види Тито. Додека колоната возила одела низ Зеница, од еден мафтале Тито и Јованка. Сосем неочекувано, еден човек се доближил до возилото на Тито и фрлил нешто.

“Беа тоа неколку писма стуткани кој паднаа кај Јованка”, вели тој.

Тој човек бил работник од Железара Зеница каде добил отказ. Им се жалел на сите и пишувал писма, но за неговиот проблем немало решенија. Затоа ги собрал сите писма, ги заврзал и чекал Тито да дојде. Мислел дека маршалот ќе му помогне, но наместо тоа е приведен, а се зборува и дека сакал да изврши атентат. Тоа бил и најголемиот проблем во неговата кариера.

Набрзо, Тито повеќе не доаѓал во БиХ. Последен пат заедно пиеле кафе, кога Тито доаѓал за годишнината од Битката на Сутјеска. Ањоли се сеќава кога со Тито пиел и коњак, француски.

“Многумина зборуваат дека Тито пиел само виски. Тоа не е точно, најмногу сакаше француски коњак”, вели Ањоли.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *