Тито ја забранил една од најтажните песни во Југослвија: Поради оваа песна, луѓето си го одземале животот

Забраната е подоцна укината.

Јосип Броз Тито своевремено, како што се зборува, забранил една песна поради големиот број само.уби.ства. Во прашање е една од најтажните песни кои се напишани на просторите на поранешна Југославија.

Се нарекува “Плуча су ми болна” и ја напишал познатиот текстописец Драгиша Недовиќ, кој е автор на бројни нумери, помеѓу кои е и “Стани, стани ибар водо”.

Тој за малку не настрадал во текот на ВСВ, имајќи во предвид дека бил пред стрелачки вод во Крагуевац. Но за среќа, бил поштеден.

Откако бил во еден германски логор, се вратил во тогашната Југославија во 1950. година и боледувал од туберколоза, а тогаш ја напишал и песната “Плуча су ми болна”.

Песната ја изведувале Заим Имамовиќ, и Бора Спужиќ Квака. Како што се зборува, ширум Југославија е забележан голем број само.уби.ства на луѓе заболени од туберколоза.

Сметајќи ја оваа песна за виновник за сето тоа, Централниот комитет, заедно со претседателот Тито, како што се зборува, решил плочите на кои се наоѓа оваа песна, да ги повлече од продажба.

Меѓутоа, кога Јованка Броз боледувала од истата песна, ја порачала токму оваа песна. Од тогаш, забраната е повлечена.

Драгиша Недовиќ се излечил од туберколоза, но за жал по.чинал во 1966 година од срцев удар.

Слушнете ја оваа песна во изведба на Бора Квака:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *