Трамп ги изненади сите и ги откри новите чекори: Но, доби и нешто кое не го очекуваше (ВИДЕО)

Лидерот на републиканците во американскиот Сенат Мич Меконел изјави дека апсолутно би ја поддржал претседателската кандидатура на Доналд Трамп на следните избори во 2024. година. Тоа е уште еден неочекуван глас на поддршка во кандидатурата на Трамп, имајќи во предвид дека Меконел бил многу критичен кон поранешниот претседател во текот на расправата во сенатот.

Поддршката на Меконел доаѓа после изјавата на републиканскиот сенатор Мит Ромни, кој важи за еден од најголемите противници на Трамп во партијата, а кој рекол дека Трамп сигурно би ја освоил републиканската номинација.

Меконел поддршката на Трамп му ја даде во текот на интервју за Телевизијата Фокс.

На прашањето дали би го поддржал Трамп да биде републикански кандидат за претседател во 2024. година, Меконел одговорил потврдно.

“Апсолутно. Има уште многу време до 2024. година. Мислам дека барем четири личности ќе се номинираат за републиканска кандидатура, можеби и повеќе”, изјавил Меконел.

Не е јасно поради што Меконел го променил ставот, имајќи во предвид дека бил критичен кон Трамп и дали на тоа влијание имале последните истражувања на Универзитетот Сафок и ЈуЕсЕј Тудеј, кои покажуваат дека дури 46 отсто од членовите би ја напуштиле Републиканската партија доколку Трамп направи своја, додека само 27 отсто се изјасниле дека би останале верни на партијата.

Коментарот на лидерот на републиканците во Сенатот следеше после новите изјава поврзани со Трамп во последно време.

Меконел не гласал за отповикување, но го обвинил Трамп за срамно заминување од функција. Исто така, навел дека поранешниот претседател практично и морално е одговорен за провоцирање на нереди на 6. јануари во ашингтон, кога неговите следбеници упаднале во Конгресот. Меконел го обвинил Трамп и за лаж.ни изјави, теории на завери и непромислени хиперболи.

Трамп му возвратил со жестоко писмо, во кое Меконел го нарекол сиров, мрзоволен и ненасмеан политички пискалар.

“Републиканската пртија не може никогаш повеќе да биде почитувана и силна со политички лидери како што е Мич Меконел на чело. Неговата посветеност до политика со статус кво, заедно со отсуство на политичко разбирање, мудрост и вештини, како и личности, брзо го одведе од местото на лидер до местото лидер на малцинство во Сенатот, и тоа само може да стане полошо”, напишал Трамп.

Трамп во неодамнешните настапи рекол дека не ја отфрла можност да се кандидира во 2024. година за претседател, додавајќи дека видел голема поддршка во анкетата на јавното мислење. Меѓутоа, подвлекол дека е премногу рано да се расправа за ова.

Меконел исто така изјавил дека Републиканската партија во моментов е стабилна и во многу добра состојба.

“Жал ни е што ги изгубивме изборите за Белата куќа, но покажавме дека нацијата е поделена 50:50 и дека се уште сме во трка, и дека се уште ќе бидеме, и на изборите за Конгрес 2022”, изјавил тој.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *