Трамп го изненади светот: Откри што ќе работи откако ќе ја напушти Белата куќа

Трамп започна да бара друга работа: Како тој може да заработува откако ќе ја напушти Белата куќа?

Извештајот покажува дека Трамп е оптеретен со долгови од 400 милиони долари, а планира да заработув и од договорите за книгите, медиумските настапи и продажбата на влезници.

Доналд Трамп, кој се уште не ги признава резултатите од изборите во САД, разговарал со своите тимови за начините на кои би можел да заработува преку својата улога на поранешен претседателот кога ќе ја напушти Белата куќа во јануари, пренесуваат тамошните медиуми.

Трамп во јавноста продолжи да зборува за изборната измама, за што не изнесе уверливи докази, и инсистира на тоа дека тој е вистинскиот победник на изборите.

Но, во приватен разговор со помошниците, како што известува Вашингтон пост, изгледа дека Трамп признал дека ќе ја напушти функцијата во јануари и ги планира своите наредни потези.

Како што наведува изворот на Вашингтон пост, Трамп после напуштањето на функцијата сака да остане сепристапна сила во политиката и медиумите за ја да обезбеди својата улога на моќник.

Помеѓу идеите кои претседателот ги промовирал се и кандидрање за претседател на државата во 2024. година, со што воспоставува потенцијален реванш со Бајден. Но, соочувањето со долговите до 400 милиони долари, од кои некои ќе доспеат во наредните две години, и веројатно со значајни законски сметки, заработувањето на пари е исто така наводно во прв план во умот на Трамп.

-Трамп исто така истражува начини како да заработува со релативно малку работа, како одржување на платени говори за корпоративни групи или продажба на влезници за собири, известува познатиот весник. Исто така, може да се обиде да напише и мемоари за резултатите како претседател и појавување на телевизија, во платено или неплатено својство.

Трамп исто така зборува и за реваншот, посебно против Фокс Њуз. Тоа, како што наведува, може да значи и дека ќе се обиде да создаде сопствено медиумско царство.

Какви се вашите мислења околу поранешниот претседател на најмоќната држава во светот?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *