Трамп го изненади светот: Се враќа помоќен од било кога, ова е неговата следна цел

На снимката се слуша како Трамп обвинува за изборни нерегуларности.

Американскиот претседател Доналд Трамп наговестил, во текот на празничниот прием во Белатак уќа, дека би можел повторно да се кандидира за претседател во 2024. година.

“Поминаа неверојатни четири години. Настојуваме да бидат уште четири. Во спротивно, се гледаме за четири години”, изјавил Трамп обраќајќи се до насобраните, помеѓу кои имало многу членови на Републиканскиот национален комитет.

На снимката се слуша како Трамп изнесува обвиненија за изборни нерегуларности иако државниот обвинител Вилијам Бар порано за АП изјавил дека Министерството за правда на никој не открил докази за широко распостранети изборни нерегуларности и дека не забележало ништо што би можело да го промени исходот на овогодинешните избори.

“Тоа е секако необична година. Ние победивме на изборите. Но нив тоа не им се допаѓа. Тоа го нарекувам наместени избори и секогаш така ќе правам”, порача Трамп.

На снимката, која на Фејсбук ја објавила една од присутните, поранешна претседателка на Републиканската партија во Оклахома Пем Полард, каде што се гледаат десетина луѓе насобрани во холот на Белата куќа, како стојат едни близу други, а многумина од нив не носеле заштитни маски.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *