Трамп има оправудвање: Еве зошто луѓето се собирале и упаднале во Капитол

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп има оправдување за некои од своите следачи кои протестирале пред американскиот Капитол на 6. јануари, изјавувајќи дека не претставувале никаква заkана.

Трамп во интервју за Фокс Њуз се жалел дека полицијата спроведува прогон на демонстрантите од Капитол, додека на левичарите ништо не им се случува, пренесува Гардијан.

Тој признал дека оние кои упаднале во Капитол, влегле, но не требало да го прават тоа. Но додал: “Некои од нив влегоа и се прегрнуваа и бакнуваа со полицијата и чуварите. Знаете, имаа сјајни врски. Многу луѓе влегоа внатре, а потоа излегоа”.

Повеќе од 300 лица се обвинети во врска со нередите, а официјалните лица велат дека веруваат дека уште најмалку 100 би можеле да се соочат со обвиненија.

Во текот на интервјуто за Фокс Њуз, Трамп исто така го критикувал Ентони Фаучи, американскиот експерт за заразни болести: “Искрено, не го слушав премногу”, изјави тој.

Фаучи беше еден од клучните советници на Трамп на почетокот на пандемијата, но подоцна ја прекина врската со поранешниот претседател поради разидување во начините на решавање на кризата.

Во јануари, Фаучи го опиша ослободувачкото чувство како можност да ја зборува научната вистина за ковид без страв од последици од Трамп, наведува Гардијан.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *