Трамп: Нешто се случува и планираат, нешто кое обичните луѓе не го разбираат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека не бил изненаден со тројниот пад на претседателот на САД Џо Бајден додека се качувал по скалите на претседателскиот авион и наговестил дека менталната состојба наБајден е таква да тој не знае ниту какви документи потпишува.

Трамп во интервјуто за Њузмакс делумно повлекол паралели помеѓу американскиот претседател и 79 годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.

“Нешто се случува, нешто кое луѓето не го разбираат. Ова што се случува е лудо и човек се запрашува дали сите тие работи кои ги потпишува воопшто ги разбира. Ова е полошо од најлошите моменти на Берни Сандерс. Не сме очекувале вакво нешто. Ниту Берни

Сандерс на стероиди не би потпишал она што овој тип (Бајден) го потпишува”, тврди поранешниот американски претседател.

Изјавата на Трамп доаѓа откако портпаролката на Белата куќа Џен Псаки инсистирала кон крајот на минатата недела дека Бајден е 100 отсто во ред после киксот во петокот, но не сакала да открие дали претседател после инцидентот бил прегледан од лекар.

“Не знам дали сте оделе по тие скали, но понекогаш се малку незгодни”, изјавила Псаки, мислејќи на скалите на претседателскиот авион.

Трамп порано повеќе пати сугерирал дека нешто се случува со Бајден бидејќи меша зборови и реченици и често заборава.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *