Трамп упадна на свадба па одржа политички митинг, гостите плачеа од смеење (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го зазеде централното месо на подиумот во текот на една венчавка во неговиот клуб “Mar-A-Lago” и се жалеше на губењето на изборите, критикувајќи го Џо Бајден, односите со Кина, Иран и кризата на јужната граница.

Трамп на приемот на гостите се појави во смокинг и изгледаше како да сака да наздрави во име на невестата и младоженецот.

Меѓутоа, штом се фати за микрофонот, неговиот говор започна да се свртува во доменот на политиката и наликуваше на оние кои со задоволство ги држеше кога беше претседател.

Два ипол минути пред сватовите зборуваше со чаша во рака, покривајќи бројни теми, вклуќувајќи ги и недостатоците на Бајден, надворешната политика, односот со Кина и Иран и ситуацијата на границата со Мексико. Најпрво ги праша присутните: “Дали ви недостасувам?” а потоа наздрави со новопечените младенци Џон и Меган Ариго.

“Добивам разни извештаи. Ми кажуваат за границата, за Кина, за Иран. Подготвени сме да се нагодиме, тие се подготвени на се. И тогаш овој тип (Бајден) оди и ги трга санкциите и вели дека би сакал да преговара”, го започна Трамп својот монолог.

Милијардерот откри дека истото се случува и со Кина.

“Тие никогаш не се однесуваат вака кон нас. Она што се случи пред неколку дена беше незамисливо” раскажа Трамп.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *