Трик за совршена коса кој го коирсти и Џенифер Анистон

Наместо парите да ги трошите на скапи шампони и препарати, испробајте некои од природните решенија. Доколку имате мрсна коса, коса без сјај или често ви се јавува првут, започнете уште денес да користите аспирин.

Аспиринот може да го отстрани вишокот на маснотии од косата, правејќи ја косата мека, сјајна и бујна. Многу жени имаат позитивно искуство во стопроцентно отстранување на првути, при неговото користење.

Аспиринот дава резултати, со оглед дека не продира длабоко во влакната, туку делува површински. Познато е дека Џенифер Анистон, на која и завидуваат многу девојки и жени на должината и убавината на нејзината коса, го користи овој начин за беспрекорно оддржување на фризурата.

Како може да го користите аспиринот за вашата коса да добие прекрасен сјај?

Издобете 2-3 аспирина и додадете во маска и оставете ја да делува 15 минути.

Можете издробените таблети аспирин да ги додадете и во шампон, да ја намачкате косата и да чекате 2 до 3 минути да делува. После тоа исперете ја косата и продолжете со вообичаената рутина на нега.

Оваа постапка повторувајте ја еднаш неделно, не поесто од тоа за да не дојде до оштетување на косата. Исто така, не се советува за примена на дами кои имаат тенка, кршлива и сува коса.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *