Трик кој секој возач треба да го знае: Како да го проверите квалитетот на маслото во моторот?

Многу возачи не знаат кога треба да го променат маслото во моторот, но и кога ќе го променат, може да се случи да е со лош квалитет и да ви направи проблеми.

Со овие едноставни совети тоа повеќе никогаш нема да се случи, а дознајте и како да го проверите квалитетот на гасот кој ви го продаваат.

Постои посебен начин за проверка на квалитетот на маслото во моторот

Загрејте го моторот 5-10 минути и изгасете го. Отворете го капакот и ставете неколку капки масло на лист хартија. Внимателно ставете го листот на топло место и причекајте 2 часа маслото да се исуши. После тоа проверете го резултат. Доколку ивиците на точките се мазни, тоа значи дека нема вода во маслото, и дека маслото е добро.

Доколку на средината е темно или сиво, маслото е валкано и е време да го промените.

Доколку на хартијата можат да се видат метални делови, тоа значи дека некои внатрешни делови од автомобилот се оштетени и дека користите масло со лош квалитет.

Светлосиви или кавеави кругови значат дека постојат некои честички во маслото кои не се топат, што е знак дека маслото треба да се смени.

Проверка на квалитетот на ТНГ

Ставете капка гас на бел лист хартија, дувнете на неа и причекајте капката да испари. Доколку хартијата е сосем бела после ова, тоа значи дека користите гас со висок квалитет. Доколку постои мрсна точка, тоа значи дека постои некои керозин во гасот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *