Три фактори одлучуваат дали некој ќе заболи од коpонавирусот

Истражувањата во рамките на Институтот за нуклеарна наука “Винча” и истражувањата кои се прават на меѓународно ниво, јасно покажуваат дека постои генетска предиспозиција за заболување од ковид-19.

За да се дојде до зголемен ризик од заболување од таа болест, значи дека постојат промени на поголем број гени кои се обично сместени на различни хромозоми, изјавила за РТС Снежана Пајовиќ, директорка на Институтот.

Пајовиќ објаснила дека промените кои настануваат во гените, од различни причини, го зголемуваат ризикот за настанување на заболување од коpонавирус. Тоа се мултифакторски заболувања во кои спаѓаат и кардиоваскуларните заболувања, дијабетисот, невродегенеративните заболувања.

Таа додава дека преку 100 заболувања, во рамките на популацијата, се токму мултифакторски заболувања.

“Веројатноста за заболување од ковид-19 зависи од три фактори. Од нашите генетски предиспозиции, околностите под кои живееме и од начинот на кој живееме”, истакнува директорката на Институтот.

Според нејзините зборови, околностите подразбираат фактори од средината и како тоа влијае на таканаречените лоши гени, кои секој од нас ги има во рамките на геномот.

Надворешните фактори од средината исто така можат да влијаат на манифестација на лошите гени или на нивното супримирање.

Третиот фактор е каков живот водиме, а тоа значи како се храниме, кои биоактивни компоненти таа храна ги содржи, пред се антиоксиданси, колку долго спиеме, но и каква е нашата физичка активност.

Најновите истражувања покажуваат дека употребата на 500 милиграми витамин Ц, 1.000 до 4.000 ИЈ витамин Д, се покажале како неверојатна превентива.

“Квалитетот на живот е тој кој може да влијае дали го зголемуваме или намалуваме сопствениот ризик за заболување од ковид-19”, порачува др Пајовиќ.

Таа додава дека последните истражувања, поготово во Италија и Шпанија, покажале дека луѓето кои имаат крвна група А, многу почесто заболуваат во однос на оние кои имаат крвна група Нулта.

“Тоа се објаснува и на тој начин што антигените, кои се наоѓаат во мембраните на еритроцитите, се протеини кои исто така се кодирани во гените”, објаснува таа.

Додава дека повторно доаѓаме до генетско ниво бидејќи нашите крвни групи се генетски детерминирани.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *