Убавините на Македонија: Жител на село во Маврово, ја сликал рисицата Лиса од својата тераса (ФОТО)

Македонското еколошко друштво МЕД објави прекрасни слики од рисицата Лиса која носи ГПС околувратник. Според нивната објава на социјалните мрежи, жител на едно Мавровско село ја сликал оваа убавица од својата тераса.

Објавата на Македонското еколошко друштво МЕД ви ја пренесуваме во целост.

“Деновиве добивме прекрасни слики од рисицата 🐆Лиса🐆 и тоа жител на едно Мавровско село кој оваа убавица ја сликал од својата тераса! Лиса е деветта единка која ја следиме во Програмата за закрепнување на балканскиот рис и носи ГПС околувратник. Драго ни е да потврдиме дека Лиса е здрава единка и стара околу 7 години.”

|

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *