Ужас : Пациент од Романија починал додека чекал на интензивна нега. Неговата последна порака е предупредување за сите

Романец на кого пред 10 дена му бил дијагностициран Ковид-19 и чие семејство распишало јавен повик за бесплатно место на интензивна нега, починал вчера во болницата во Дева, објавила неговата ќерка на својот Фејсбук профил.

Тома Авриџеан (67) неколку денови чекал на одделот на интензивна нега, а семејството се обидувало да помогне јавувајќи се во неколку болници во земјата со надеж дека ќе има крвет за интензивна нега со потребната опрема, пренсува „Аџерпрес“.

На Романецот му било потврдено дека е позитивен на коронавирус на почетокот на ноември. Кога му се влошила здравствената состојба, тој бил хоспитализиран во Ораштије, а оттаму напишал порака на Фејсбук, повикувајќи ги луѓето да се заштитат и да ги почитуваат мерките воведени од властите.

„Во понеделникот, на 2-ри ноември, 2020-та година ми открија дека сум позитивен на Ковид-19. Ова го објавувам со желба да ве предупредам да се заштитите, затоа што не сакам никој да поминува низ ова што поминувам јас. Ве уверувам дека е многу депресивно – чувствувате треска, главоболка, болки во стомакот, болки во мускулите, намален ви е капацитетот на дишењето, имате недостаток на апетит, несоница, и, згора на сè, 14-дневен карантин. Носете маска, дезинфицирајте се, држете дистанца, избегнувајте гужви. Ова ви го кажувам најпријателски, не го игнорирајте вирусот. Тој постои и не сакам да страдате. Бог да ве благослови“, напишал тој на својот Фејсбук профил.

 

„Тато, жал ми е што не поминавме повеќе време заедно. Жал ми е што не знаев како да продолжам да ти помогнам. Со сигурност знам дека ако беше на мое место, ќе направеше и многу повеќе! Извини што сум немоќна, што немам сила и знаење да се борам против медицинскиот систем и да те спасам! Деновите поминати во општинската болница во Ораштије беа кобни за нас“, напишала неговата ќерка на својот Фејсбук профи.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *