Утрински напиток кој прави чуда за вашиот имунитет

Витамински напиток кој му годи на вашиот здравје. Испијте чаша топла вода со лимон секое утро на празен желудник и ќе се препороди вашоит организам.

Зошто ова е здраво?

Го зајакнува имунитетот

Цитрутие се како лимони богати со витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во превенцијата и лечењето на настинка, додека аскорбинската киселина помага во апсорпцијата на железо, која исто така има важна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Го алкализира телото

Доколку е вашето тело во хроничен пХ дисбаланс, подложно е на различни болести и инфекции. Иако лимонот е кисел, тој има исклучително алкализирачки ефект и со неговата употреба обезбедувате баланс на пХ вредноста на телото, поготово доколку често конзумирате месо, сирење и алкохол.

Детоксикација

Лимонадата е природен диуретик, што значи дека помага и овозможува полесна елиминација на токсините и отровите од вашето тело.

Ви дава енергија

И најголемиот љубител на утринско кафе ќе се одвикне од оваа навика после неколку дена конзумирање топла вода со лимон. Комбинацијата на лимон и топла вода помага во хидратацијата и дотокот на кислород во крвта, поради што ќе се чувствувате одлично.

Прави чуда за вашата кожа

Хроничната дехидратција ја суши вашата кожа и ја прави испуката, додека топлата лимонада на идеален начин ќе се погрижи за нејзиниот здрав изглед. Витаминот Ц игра клучна улога во одржувањето на здрава кожа, додека антиоксидансите делуваат против стареење и појава на брчки.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *