Уште еден проблем за луѓето кои оваа година ќе сакаат да заминат во Европската унија

Европските ковид-пасоши ќе важат само за ваkцини кои ги одобрила ЕМА?

Предлогот за воведување на таканаречени ковид пасоши за слободно движење во внатрешноста на Европската унија, кој ќе биде ставен на маса на 17. март, ќе важи само за ваkцини кои ги одобрила Европската комисија за лекови.

Неодобрените вакцини, нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност на Европската Унија и контролата на квалитетот.

Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи ја потврди оваа информација, откако извор од Европската унија открил за Еуроњуз нешто порано.

Како што тврди неименуваниот извор, европскиот комсеар за правосудство Дидије Рејндерс јасно ставил до знаење дека државите членки можат слободно да ги ваkцинираат своите граѓани со други ваkцини, но нема да им биде доделена лиценцирана патна потврда, доколку не примиле вакцина од некој производител кој ЕМА го одобрила.

Моментално, ЕМА досега ги одобри ваkцините на четири производители: Фајзер/БиоНТек, АстраЗенека, Модерна и Џонсон и Џонсон, пренесуваат медиумите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *