Уште една земја прогласи победа над вирусот ковид-19, конечно граѓаните се вратија на нормалните животи

Време е позади себе да ја оставиме најлошата зима, вели претседателот на оваа земја.

Гибралтар, малата британска енклава, одлучи да укине дел од епидемиолошките мерки како полициски час и носење на заштитни маски на улица после ваkцинирањето на 70 отсто од жителите, соопштија во четвртокот тамошните власти.

Одлуката е донесена поради многу нискиот број на нови случаеви, што е резултат на успешниот програм за имунизација, изјавила министерката за цивилна заштита Саманта Сакраменто.

Гибралтар, на крајниот југ на Шпанија, кон крајот на декември воведе полициски час од 22 до 6 часот наутро додека бројот на случаеви беше на својот врв.

Полицискиот час, кој беше скратен, во четвртокот се укина, а баровите и рестораните ќе можат да работат до 2 часот после полноќ.

Исто така, од недела се укинува обврската за носење на маските во посетените улици на Гибралтар, но останува задолжителното носење на маски во затворен простор, во трговски центри и во јавен превоз.

“Конечно позади себе ја оставаме најлошата зима. Во последниве недела дена е пријавен само еден нов случај, а во болниците во енклавата повеќе нема ниту еден ковид пациент.

Програмата за имунизација во Гибралтар е наречена Операција слобода, а истата овозможи имунизација на повеќе од 24.000 луѓе или 70 отсто од жителите. Властите се надеваат дека до средината на април сите жители ќе ги примат задолжителните две дози.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *